BMW напредува, но Mercedes напредува повеќе

bmw i3 стоилјади примероци,

Баварската марка постигна пристојно зголемување на продажбата во февруари, но заостатокот зад ривалот Mercedes и натаму расте. Шефот на BMW очекува дека новите моделски изведби на X3 ќе донесат поголем раст во продажбата во втората половина од годината.

Светската продажба на марката BMW во февруари се зголемила за 5,1 проценти, на 155.342 возила. Од почетокот на годинава, марката со сино-белиот знак продала вкупно 303.738 автомобили. Конкурентот Mercedes сепак постигнал повеќе и за истиот период бележи 356.994 продадени возила. Третата марка во германското премиум триo, Audi, заостанува со 280.050 продадени возила во првите два месеци од годинава.

Шефот на BMW, Харалд Кригер, планира да ја врати баварската марка на врвот веќе во 2020 година, откако пред две години таа го изгуби водечкото место во премиум сегментот од Mercedes. Кригер верува дека проширувањето на моделската понуда во гамата на новиот X3 во втората половина од годинава ќе донесе голем раст во продажбата на марката.

Разгорувањето на конкурентската битка меѓу двата вечни и моќни ривали ветува едно. Нови и уште повозбудливи модели.

Продажба на BMW и Mini по региони


во февруари 2018

споредба со лани
во
%

Европа

77.728

+4.0

Германија

20.626

-0.4

Велика Британија

7.962

+3.9

Азија

62.312

+9.1

Кина

44.317

+8.9

Јапонија

5.266

-12.7

Америка

33.707

+7.6

САД

26.573

+7.5

Латинска Америка

3.909

+9.8

 

BMW X2 на тест на АДАК Моторвелт

Mercedes повторно ги натпродаде BMW и Audi

BMW X7 ѕирна од фабричката хала во Спартанбург

Претходна објаваAudi 100 почна да вози пред половина век
Следна објаваНова наградна игра на Макпетрол: Верна повторно наградува

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here